Антонио Јанковски момчето кое го гледавме со неговите кулинарски вештини на телевизија, денес живее во секојдневна борба со карцином, борба да најде работа и да опстане. Тој за Досие си ја отвара душата и раскажува за голготата низ која поминал.
Вели дека најтежок момент му бил распадот на бракот, останувањето без работа, болесте, а вели и дека имал тешко детство.
– Имав еден баш вака лош период кога исто така преку ноќ снема се, ама ни тогаш не се откажав. Одев на пазарче чистев за храна, имав повеќе пријатели, поширок круг од тогаш. Долгодишните пријателства повеќе афектираат отколку секојдневните познанства. Јас пред два месеци си го загубив последниот пријател со кој се познаваме 20 години. Бев да му побарам помош не ми отвори врата. Му имав многу помогнато во животот што е глупаво да се спомнува, но тој можеше барем вратата да ја отвори, вели тој.
За болеста вели дека со неа се бори секој ден.
– Кога ќе одиш да си ги земеш резултатите и ќе ти го отворат пликото не треба да ти кажат ништо, оти кога ќе му го видиш изразот на лицето на докторот, не мораш да читаш резултати. Не беше убаво, но уште по неубаво што немаш никој. Имаш родители кажуваш дека си во хаос, немаат слух. Едната вели се премажив си имам свој друг живот, другиот во 34 години сум го видел 3 или 4 пати сум го видел и тоа ако тој има проблем во животот. Имаш па немаш ништо, што од страв, што од не знаење што од алчност што од себичност. Така се врти кругот и доаѓаш до степен кога воздухот губи вредност, раскажува Антонио за својот можеби најтежок момент во животот.
Антонио утре мора да ја напушти куќата во која живее и останува бездомник на улица.
Вели, НЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ БАРАМ ПОЗАЈМИЦА ЌЕ ЈА СРАБОТАМ ЌЕ ЈА ВРАТАМ.