Позната турска пејачка 10 месеци зад решетки поради навреда на Ердоган !

Познатата турска пејачка и актерка била осудена на 10 месеци затвор поради навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Имено, оваа навреда била направена на нејзин јавен настап во 2016 година, пишува весникот “Хуриет”.

Пејачката Зухал Олкај беше осудена затоа што го променила текстот на нејзината песна за време на настапот и “креативно” го вметнала името на претседателот Ердоган, навредувајќи го додека пеела, пренесува “Хуриет”.

Имено во нејзината песна таа пее: “Реџеп Таип Ердога, се е празно, се е лага, животот ќе заврши еден ден, а ти ќе речеш “Јас имав сон””, пренесува весникот.

Во нејзиниот исказ, Олкај ги отфрли обвинувањата, велејќи дека го вметнала името на Ердоган бидејќи се вклопува во римата, а немала намера некого да навреди. Додека гестовите со раката ги правела за да се поврзи со публиката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.