Дали сте знаеле дека американската пејачка Алиша Киз (37) веќе 2 години не носи на себе ниту грам шминка?Причината за тоа со сигурност ќе ве воодушеви.
Всушност, Алиша од мај 2016 година води своја кампања без шминка во чест на нејзиното патување кон љубов и оснажнување.
“Повеќе не сакам да се кријам зад шминката. Не сакам да го кријам моето лице, мојот ум, мојата душа, моите мисли, соништа и проблеми. Ништо повеќе не сакам да кријам”, рекла таа.
И покрај тоа, таа и понатаму сјае на црвениот тепих, а причината за тоа лежи во фактот што здраво се храни и редовно вежба.
“Секој пат кога порано ќе го напуштев домот се грижев дали сум заборавила да ставам шминка и дали некој ќе ме фотографира без неа. Уште полошо, што ако се објави тоа негде? Тоа беа површни несигурности, но навистина така размислував. Премногу се грижев за тоа што мислат другите луѓе за мене”, открива пејачката.