Познатата тенисерка во план да ја промени професијата, ќе стане модел: Што мислите, има ли шанси да успее?! (ФОТО)

Канадскиот секс симбол на женскиот тенис Eужени Бушар не исклучи кариера на модел, откако ќe заврши со спортот. 24-годишната Бушар даде интервју за колумбиското издание „Ел Тиемпо“ во пресрет на турнирот во Богота, за кој доби „вајлд карта“.

„Приоритет за мене во моментов е тенисот, бидејќи го сакам и ми се допаѓа. Знам дека имам и други можности, но со овој распоред е невозможно да се занимаваш со нешто различно од тенис.

Фокусирана сум на целта да се вратам претходното ниво, а работата како модел ќе почека додека се повлечам“, прокоментира Канаѓанка.

Таа стана професионална тенисерка во 2009 година, а пет години подоцна ги доживеа нејзините најдобри месеци во тенисот.

Таа прво стигна до полуфиналето на Австралија опен и Ролан Гарос, а на Вимблдон стигна до титулата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.