Пожарот во атарот на селата Дрен и Смолани, во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола, но сеуште е активен во опожарениот дел. Екипите се сеуште на терен (општина Прилеп).
Пожарот во с.Никодин – Прилепско е сеуште активен и проширен. Истиот се движи на велешка страна. Во гасење на пожарот во текот на вчерашниот ден се вклучени и авионите на ДЗС (општина Прилеп).
Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови пријавен е пожар кај манастирот Писокал – Свети Илија – Слива. Запалени се дрва од гром. На терен дејствувала екипа на ТППЕ Прилеп.