Поради големото загадување на првиот и вториот крак на Халкидики, Касандра и Ситонија, во летните месеци ќе се плаќа еколошка такса.
Градоначалникот на Халкидики, Христос Донтис одлучи на крстосницата кај местото Неа Мудања да се постават рампи каде туристите ќе плаќаат еколошки такси, а рампата е веќе поставена.
Еколошките такси ќе се наплатуваат од први мај до први октомври, за возилата и патниците посебно.
-За мотори- 3 евра.
-За патнички автомобили- 5 евра
-За автобуси- 10 евра
-За камиони- 12 евра.
Освен тоа ќе се наплатува и еколошка такса по лице, која ќе изнесува едно евро.