Ви ги претставуваме некои од најинтересните места на светот на кои најверојатно никогаш нема да зачекорите…
Суртсеј, Исланд
https://www.instagram.com/p/BJv0uh-hkOn/
Ако сте ги гледале старите мапи на Исланд, нема да можете да го пронајдете Суртсеј, затоа што островот настанал после серија земјотреси кои го погодиле Исланд во 60-тите години. Научниците тогаш на Суртсеј направиле лабораторија, која и денес е во функција.
Пристапот до островот е дозволен само за членови на внимателно одбран екипаж, затоа што посетата на туристи би го нарушила неговиот единствен екосистем.
Манастир Света Катарина на Синај
Овој комплекс се наоѓа на планината Синај од 6 век, а неговата одбрамбена ѕидина го штитела прво од нападите на Крстоносците, а потоа од сите останати опасности.
Се работи за еден од најстарите христијански манастири на светот кој се наоѓа на листата на заштитени знаменитости на УНЕСКО.
Манастирот ги затворил портите за посета оваа година, откако припадник на Исламската држава уби полицаец во близина.
Областа 51, САД
“Областа 51” во пустините на Невада е една од омилените дестинации на љубителите на теории на заговор. Припаѓа на Американското воено воздухопловство и претставува место на кое се вршени нуклеарни тестирања.
Американците се многу таинствени кога се работи за “Областа 51”, па со текот на времето почнале да се шират гласини дека на ова подрачје се забележани вонземјаци.
Во базата секако не можете да влезете, но тоа не го спречил развојот на туристичката индустрија.
Сана, Јемен
Престолнината на Јемен е еден од најстарите и највисоки градови во светот. Во стариот град, сместен во срцето на Сана, исто така можат да се видат некои од најдобрите примери од исламската и отоманската архитектура.
Поголемиот дел од градот, во кој луѓето живеат повеќе од 2.500 години, изграден во 11 век, а Сана како целина се наоѓа на листата на УНЕСКО.
Пештерата Ласко, Франција
Далечната 1940, група тинејџери во областа Дордоња пронашле пештера чии ѕидови ги краселе цртежи стари 2.000 години.
Кога пештерата била отворена за јавноста во 1948 година, туристите брзо започнале да доаѓаат и започнале да ги уништуваат старите цртежи. Поради тоа пештерата била затворена, за во нејзина близина бил изграден музеј со идентични цртежи.
Заветниот ковчег, Етиопија
Некое време пред раѓањето на Исус Христос, заветниот ковчег кој ги содржи таблите на кои се запишани десетте Божји заповеди, исчезнал од Ерусалим и завршил во Етиопија.
Ковчегот денес се наоѓа во градот Аксуму, а го чуваат чувари, кои не дозволуваат никому да влезе во градбата во која се наоѓа. Дури и да успеете некако да го пронајдете патот до зградата, нема да успеете да го видите Заветниот ковчег, затоа што е скриен.
Тимбукту, Мали
Овој антички град во Сахара, со векови бил едно од најважните седишта на исламското учење. Сепак, после терористичките напади, посетата на туристи во овој заштитен град на УНЕСКО драстично паднала.
Благодарејќи на тоа што се наоѓа на едни од најважните трговски рути, во Тимбукту се слевало големо богатство. Дури и денес трговците поминуваат низ ова место, без оглед на немирите.
А/Г/