Повторно пресврт во температурите – дожд и грмежи на повидок

dozd-nevreme-600x330

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови  од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме. Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во  јужните делови сеуште ќе се задржи многу топло. Т-мин. од 16 до 24 а т-макс. од 31 до 40 степени. УВ=8. Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Т-ра  20 / 35 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Во понеделник ќе преовладува променливо обчачно и свежо време со локален дожд. Во понеделник и вторник ќе дув аумерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, за уште десетина степени. Потоа ќе има стабилизрање на времето, а температурата ќе биде во постепено покачување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.