Граѓани на социјалните мрежи објавуаат дека повторно е активен пожарот во атарот на селото Требовле во Поречието, а гори и кај Могилец.
Во околијата на Македонски Брод пожари беснеат од минатата недела, а најкритична е ситуацијата се чини, според пишувањето на граѓани по социјалните мрежи, околу селото Требловле и село Могилец.
Според пишувањата во Могилец денеска до темел изгореле 5 куќи, а селаните се евакуираат или чекаат помош од блиските.
Војската била испратена без вода и јадела само една конзерва за оброк…
Дека пожарите направија голема штета говорат и видеата и фотографиите во продолжение:
Власта излезе со мерки за спречување на ширењето на пожарите, но очигледно тие мерки не влодија со плод, напротив ситуацијата се повеќе се влошува.
А/Г/