ВМРО-ДПМНЕ испраќа повик до сите македонски граѓани за утрешниот.
Истиот го пренесуваме во целост:
Македонците се борат за своите правдини е дел од нашата химна.
Правдината е дел од македонскиот ген, ние секогаш сме се стремеле и бореле за правда.
Ние сме за правдина, без разлика што ќе речат другите.
Ние сме за правдина, без разлика на тоа дали некој друг е против неа.
Ние сме за правдина за сите граѓани.
Кога правдината е погазена, борбата за правдината е должност и света обврска.
И таа борба започнува со силата на помал број на посветени и непокорни луѓе, за потоа да блесне и да го осветли целото општетство.
Таа борба подразбира истрајност, страдање, храброст, идеја, чест и име.
Биди и ти дел од генерацијата која ја започнува борбата за правдината. Впиши го своето име на светлата страна на нашето секојдневие и нашата иднина.
Кога правдината е погазена, Татковината е ослабена.
Татковината не може да оди напред кога правото станува неправо, кога реваншизмот станува стил на живот, кога политичкиот прогон прераснува во страст, а покорноста се претвора во вредност.
Без правдина – нема Татковина! Затоа непокорот е одговорот!
Животот во помал дел е она што ти се случува, а во најголем дел е како ти реагираш на она што се случува.
Браќа и сестри, дами и господа, вие сте тие кои реагирате и кои одлучувате!
Да покажеме дека сме слободоумни, самосвесни, слободни луѓе, кои не се плашат од ризиците туку смело им пристапуваат, кои не се штедат за да се борат за правдината, и кои не се срамат што си ја сакаат Татковината.
Да се спротивставиме на грубиот обид за фалсификување на историјата, на оние кои сакаат љубовта кон Татковината да ја претстават како нешто погрешно, оние кои го казнуваат патриотизмот како реакција додека се обидуваат да ги скријат газењето на Уставот и законите како причини за реакцијата.
Да покажеме солидарност, почит и симпатија кон браќата и сестрите кои се жртви на неправдата, на кои им се ускратува правдината и кои се во притвори и затвори само заради својата идеја и љубов за Македонија!
Старо, младо, машко и женско на нозе да се кренеме.
Да чекориме по патеката на правдината и љубовта кон Македонија, исто како што со љубов чекоревте повеќе од 80 дена, сплотени и обединети во вредностите, во енергијата, во визијата за подобра и заедничка Македонија.
Патот е тежок, но нема друг, борбата ќе биде долга и тешка, ама ќе успееме!
Успехот зависи од вербата, а ние веруваме!
Денес сме ние на удар, но утре неправдата сигурно ќе стигне до вас. Затоа ние се бориме и за вас, за притиснатите, заплашените, дискриминираните, обесправените. И затоа оваа борба добива на вредности и е дотолку поголема и попотребна.
ВМРО-ДПМНЕ го организира овој марш, но ова не е само партиски собир, ова е собир на кој може и на кој треба да се приклучи секој патриот, секој граѓанин, без разлика на нација, вера и припадност, секој човек кој ги осудува реваншизмот, политичкиот прогон и неправдата.
Нашиот народ е како пиреј, корни го ништи го, тој пак ќе никне и ќе се исправи!
Затоа Биди Пиреј!
Приклучи се на Маршот за правдината и за Татковината!
Недела, 3 декември, 16:30 часот пред Министерство за правда.
ЗА ПРАВДИНАТА И ЗА ТАТКОВИНАТА!