Ураганот “Ирма” кој денес го погоди југот на полуостровот Мајами продолжува да се движи кон средината на полуостровот, а максималната брзина на ветрот на најсилниот досега ураган во последните 50 години, преминува 200 километри на час.
Повеќе од 1,35 луѓе останаа без електрична енергија, а спасувачките служби предупредуваат на пораст на нивото на морето, пренесува Си-Ен-Ен. Сведоци велат дека видени се валови високи и по неколку метри, а американските власти предупредуваат дека се работи “за опасност која ги загрозува животите”.
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати разговарал со гувернерот на Флорида, како и со гувернерите на уште 4 сојузни држави кои би можеле да бидат погодени од ураганот.
-“Молете се за нас”, порача гувернерот на Флорида Рик Скот.
“Ирма” ја предизвика најголемата евакуација во историјата на САД, а се очекува дека ќе предизвика катастрофални материјални штети во третата најнаселена американска држава, чија економија изнесува 5 % од американскиот државен доход.
А/Г/