По вчерашниот прв пријателски – контролен натпревар во кој во Охрид беше совладана Ренова со 3-1, фудбалерите на Победа денес одработија два тренинзи.
Претпладневниот во теретана, а попладневниот на теренот на Могила на техничко-тактички план.
Според планот на Стручниот штаб екипата утре ќе има еден тренинг и тоа петпладне, по што играчите ќе добијат слободен ден во среда.
Во четврток експедицијата на Победа од 23 играчи заминува на 11-дневни подготовки во Банско(Бугарија), каде ќе работи на техничко-тактички план, а договорено е одигрување на 4 пријателски натпревари.