Победа стигна до првиот триумф во новата сезона: На Могила поразен Шкупи

20915519_1285711788206546_7458432126766631495_n

Победа стигна до првите 3 бода во новата сезона во македонската Прва фудбалска лига. Предмалку заврши натпреварот на кој црвено-белите го победија Шкупи со 2:1 (0:0 на полувреме) на стадионот на “Могилата на непобедените”.

После воведните два порази на стартот од сезоната против Пелистер во Прилеп и високиот пораз од 4:0 во Скопје против Вардар, конечно радост на прилепските навивачи.

Првото полувреме заврши со неатрактивен резултат 0:0, а резултат кој се задржа до 61-та минута кога Карчески кој влезе од клупата на почетокот од второто полувреме, стрелаше за 1:0 и за огромна радост за прилепчани. Меѓутоа само две минути подоцна Стојкоски израмни на 1:1, но и тој резултат не се задржа предолго. Победа стигна до ново водство 10 минути подоцна, кога во 73-та минута легендата на победашите Благоја Гешоски стрелаше за 2:1, што на крајот веше и конечен резултат.

Во следното коло Победа и гостува на Шкендија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.