Во овие моменти Победа го игра натпреварот од 22-то коло против Шкупи, на стадионот под “Тумбе кафе” во Битола.
По само 20-тина минути Победа губи со 0:2. Во само 4 минути, Победа прими два гола и ги разочара навивачите и љубителите на фудбалот во Прилеп.
Од денешниот натпревар прилепчани очекуваат сигурни 3 бода за продолжување на битката за опстанок во Првата лига, но со овој резултат Победа ќе остане закована на претпоследното место на табелата, а опстанокот ќе биде знак прашање.