Победа ги стега редовите за решавачкиот дуел во недела

18557050_1198897163554676_716473375782926544_n

Фудбалерите на Победа активно се подготвуваат за последните два дуели од фудбалската сезона.

Во недела победашите на стадионот на “Могила” со почеток од 16:30ч. ја пречекуваат екипата на Македонија “Ѓорче Петров” и само сигурни три бода од овој дуел ќе  значат   добар резултат.

Победа забележа три последователни триумфи изминатите недели и е најуспешен тим во последните 5 кола во Македонската Прва фудбалска лига.

Во екипата се вратија и повредените играчи, па шефот на стручниот штаб Штерјоски нема да има проблеми при составувањето на екипата за клучниот дуел со ѓорчепетровци.

По Шаркоски, кој се врати во почетниот тим, по повредите на тренинзите со екипата се приклучија реконвалесцентите: капитенот Александар Крстески, Филип Најдоски и ,,малерозниот,, Денис Димитриоски, кој по двете повреди (втората обновена) се враќа уште посилен и желен за игра.

Исто така по одлежаната казна во тимот се враќа и Бурхан Мустафов.

Останува  да се истрча со срце на терен, да се освојат нови три бода и да се забетонира 7-то место на табелата кое значи сигурен опстанок и избегнување на бараж позицијта.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.