ППК “Младост96” во заостанатиот натпревар од последното 14-то коло од Супер лигата во пинг – понг ја победи екипата на “Шампиони Фа” од Штип со резултат 5-4. Натпревар во кој беше или опстанок, или бараж за опстанок. Играчите покажаа висока мотивираност и борбеност и во исцрпувачки натпревар целта се постигна. Текот на натпреварот не беше во полза на ППК “Младост96”, бидеќи во првите четири натпревари гостите имаа водство од 3-1. Пресвртот го најави Стомнароски за 3-2 Штаргоски за 3-3, а во натпреварот кој беше многу важен, Рикалоски во крајно неизвесен натпреавар го победи Богатинов и водство за “Младост96” од 4-3. Во последниот натпревар Штаргоски го победи Димитриоски со 5-4, за многу значајна победа. Рикалоски и Штаргоски извојуваа по две ппобеди, Стомнароски имаше една победа. На крајот на табелата ППК “Младост96” заврши на 5-то место, со исти бодови како и “Вардар”, кој е 4-ти, но со подобар скор. Шампион на Македонија е екипата на “Работнички”, бараж за опстанок ќе игра “Телеком Нец”, а од лигата испаѓа ППК “Радовиш”. Во наредната сезона нов Супер лигаш ќе биде екипата на “Астраион” од Струмица.