Планирате да одите на одмор и често се размислува дали да тргнете со автомобили или со автобус?
Пред да земете дигитрон и да пресметате колку пари ќе ви бидат потребни за одморот проверете какви се цените на горивата.
Изразено во евра неправен е карток просек на цените на горивата на земјите во регионот.
Најскап бензинот е во Грција, каде за еден литар треба да платите 1, 54 евра. Потоа следи Албанија со цена од 1,29 евра по литар па потоа доаѓа Словенија 1,25 евра по литар, Хрватска 1,23 евра, Црна Гора 1,22 евра и 1.18 евра по литар бензин 95- ка во Србија.
Додека ако поминувате низ Босна и Херцеговина изнесува 0,92 евра по литар и во Македонија е 1 евро.
Кога се работи за дизелот Албанија е прва на листата како најскапа од 1,27 евро по литар. Грција 1.26 евро и Србија 1.22 евра, Хрватска 1.11 и Церна Гора 1.07 евра по литар, а најниска цена за дизелот плаќаат Македонците.
Ако имате автомобил на плин тогаш треба да знаете дека најскап е во Грција 0,79 евта, Србија 0,62 евра, Црна Гора 0,6 евра и најмалку во Босна 0,39 по литар.