Писма што Алберт Ајнштајн ги пишувал за Господ, Израел и за физиката, се продадени за речиси 210.000 долари на аукција во Ерусалим, а најголема цена достигна она за создавањето на светот.
Освен писмата, напишани на англиски јазик во периодот од 1951 до 1954 година, се продадени во аукциската куќа „Винерс“, која пред аукцијата нивната заедничка вредност ја процени на меѓу 31.000 и 46.000 долари.
Најмногу, 84.000 долари беа понудени за писмото на Ајнштајн до еминентниот физичар Дејвид Бом. Во него Анштајн напишал дека „ако Бог го создал светот, неговата вистинска грижа сигурно не била да го напрали лесно разбирлив за луѓето“. Писмото е напишано во февруари 1954 година, една година пред смртта на Ајнштајн.
Во друго писмо за Бом, продадено за 50.400 долари, Ајнштајн дискутира за врската меѓу квантната и релативистичката теорија.
Израелски илузионист Ури Гелер го купи писмото од 1954 година каде Ајнштајн дискутира за можноста на преселувањето на Бом во Израел.
Аукциската куќа соопшти дека писмата биле сопственост на починатата вдовица на Бом.