Опозицијата во косовскиот парламент одново фрли солзавец. Причината е спречување на гласањето за демаркацијата на границата со Црна Гора.
Дури три боци со солзавец беа фрлени во собраниската сала, што ги натера пратениците да бегаат на сите страни.
За да се изгласа одлуката за демаркација на границата на парламентот му е потребно двотретинско мнозинство од 120 пратеници колку што брои законодавниот дом на Косово.