Пет први места и од Софија: Танцовата група “New Generation” од Прилеп растура каде и да се појави

Taнцовата група “New Generation” од Прилеп викендов во одлично светло се покажа и на
Meѓународниот фестивал “Софија Денс Фест”.

Всушност нашата група беше најдобра во стрит денс и освои 5 први места на овој реномиран и конкурентен фестивал.

Ова е уште еден успех за прилепската танцова група после настапот на “Македонија Опен” каде освоија 5 медали.

Танцовата група на Оливер Богојевски освои одличја во формација Боксинг Тим Стрит Денс и Арми Стрит Денс, прво место во ДУО освоија Мила Игеска и Сара Лоџева, Александра Стојаноска беше прва во Техно Денс (категорија каде имаше најголема конкуренција), како и Габи Илиоска која освои прво место во категоријата “Ем-Ти-Ви Денс”.

Елена Димовска освои четврто место, а Андреа Пупунческа влезе во најдобрите Хип-Хоп соло натпреварувачи каде го освои 14-то место, во конкуренција на 30 натпреварувачи.

После заслужениот одмор, танцовата група ќе започне со подготовки за нов предизвик, а тоа е Државното првенство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.