Заборавете на филмовите “Aмериканска пита” – американските тинејџери треба “да учат” за забава од нивните норвешки другари.
Секоја година, норвешките студенти прославуваат матура како и сите нивни врсници во светот, забава која тие ја нарекуваат “Russ”.
Забавата подразбира цел месец пиење, забава во автобуси и луди предизвици.
Забавите се толку претерани што на тоа во средата реагирале и од тамошното министерство за сообраќај. Матурантите се разбркувале голи по паркови и имале секс на отворено место – пренесува “Ројтерс”.
Тинејџерите често фотографиите и видеата од нивните бизарни забави ги поставуваат на социјалните мрежи.
Еве како изгледа норвешката “Aмериканска пита”:
“Russ” започнува кон средината на април и трае до 17 мај
Забавата е насекаде, а познати се и комбињата и автобусите за забава
“Russ” автобусите се користата од 15 до 25 матуранти и нивното изнајмување чини околу 116.000 долари
Еден од најголемите настани е музичкиот фестивал кој се случува во паркот “Конгепаркен”, кој се трансформира во тридневен концертен подиум
Голем концерт има и на брегот од Северното море
За време на прославите младите си даваат луди предизвици помеѓу себе
Многу од предизвиците се бизарни, пример носење леб како влечки
Други се решаваат на секс на отворени места
Други се решаваат на пиење, а предизвикот е да се испијат 24 различни пијалоци во еден ден
Откако светот дозна за нивните лудости, дел од младите се свестиле и решиле предизвиците да ги искористат со цел да помогнат на општеството – на пример да поделат храна на бездомните лица