“Пензионерите финансиски осакатени-СДС им врати со двојазичност” (ВИДЕО)

Прес-конференција на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески

“Почитувани пензионери,

Оваа есен нема да го добиете заслуженото покачување на пензиите, како што беше претходниве години додека ВМРО ДПМНЕ беше на власт. За жал, Владата на СДСМ одлучи и тоа да го укине. Затоа, наместо линеарно зголемување, Вие ќе добиете пропорционално зголемување на пензиите, и тоа согласно порастот на просечната плата од околу 1%. Тоа значи дека оние што примаат минимална пензија, наместо 600,00 денари кои ги добиваа во претходните години, сега ќе добијат зголемување од минимални 80,00 денари. Од друга страна, оние што земаат највисоки пензии ќе добијат зголемување од околу 400,00 денари.

Пропорционалното зголемување на пензиите е модел на зголемување кој тргнува од основицата. Така, оние кои земаат мала пензија ќе добијат минимално зголемување, додека оние кои примаат највисоки пензии ќе добијат максимално зголемување.

Оваа мерка на Владата на СДСМ не е во прилог на пензионерите и на нивниот животен стандард со оглед на фактот дека огромен дел на пензионери не примаат високи пензии. Исто така, оваа мерка ќе го зголеми јазот меѓу оние кои примаат мали и оние кои примаат големи пензии.

За разлика од СДСМ денес, ВМРО ДПМНЕ додека беше на власт вложуваше макксимални напори за зајакнување на животниот стандард на пензионерите. Така, за период од 11 години:

-минималната пензија ја зголемивме за 96,4% (од 4.330,00 денари во 2006 година, на 8.506,00 денари, колку што беше исплатена во 06/2017 година)

-просечната пензија ја зголемивме за 80,5% (од 7.688,00 денари во 2006 година, на 13.879,00 денари, колку што беше исплатена во јуни 2017 година.).

Исто така ВМРО ДПМНЕ реализираше и други проекти значајни за пензионерите, како

-Бањско-климатска реакреација на пензионерите

-Бесплатен туристички викенд за пензионери

-Бесплатен викенд за стари лица за превоз во железничкиот сообраќај

Ова е само мал доказ во прилог на одамна потврденот факт дека СДСМ ниту денес, ниту претходно не работеле во прилог на пензионерите. Така беше и пред 2006 година, кога на пензионерите им укинаа 8% од нивните заслужени примања, така е и денес кога го укинуваат линеарното зголемување на пензиите.

Почитувани пензионери,

Вие на Вашата кожа први ќе ја почувствувате политиката на СДСМ за нивниот „живот во Македонија“. Дали со оваа мерка ќе имате добар „живот“ или не за брзо време ќе дознаете. Имајте ги предвид разликите меѓу нас, ВМРО ДПМНЕ и нив СДСМ, во октомври 2017 година, на следните локални избори”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.