Пат околу светот за 50 дена – И тоа со “Југо” : Авантурата на Нино ќе ве воодушеви !

Нино Трајковиќ од Вечеја, кој минатата година со својот другар Џорџе Илчешин (24), патуваше до Монголија и назад, оваа година тргнува во уште една авантура. Тој планира да патува до Кејптаун во Јужноафриканската република.

Тој ќе тргне на 20 април, како и минатата година, а целта на ова хуманитарно патување е да собери средства за својата другарка која е во инвалидска количка.

Нино и Џорџе се членови на тимот “Yes, we Khan. Genghis Khan”, но овој пат нема да патуваат заедно.

– Џорџе мојот партнер во патувањата, а не животен, кој минатата година идеше со мене во Монголија, моментално не може да ме придружува – изјавил Нино за порталот Телеграф.рс.

Овој пат заедно со неговиот другар Рино ќе поминат 17.500 километри, односно 15 земји низ Европа, Азија и Африка. Патувањето ќе трае 50 дена.

Тој вели дека има желба да се качи на врвот на Африка, Килиманџаро. Минатата година собираше пари за Центарот за напуштени животни, а овој пат за неговата другарка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.