“Партиски симболи летале од тераса во Кривогаштани?!” (ФОТО)

“Демолиран” штабот на СДСМ во општина Кривогаштани од страна на самите активисти на партијата?!
Фото: 09.11.2017 година
Утрово околу 09:00 часот, активисти на СДСМ го отстраниле партискиот амблем од главното седиште на политичката партија, поради ескалираното незадоволство од актуелниот градоначалник и претседател на ОО СДСМ, Кривогаштани – Рубинчо Шефтероски, дознаваме од очевидци.
Фактот дека тој е причинител за ваквата ескалација, говори дека партиското седиште веќе 10 години се наоѓа на истата локација, но никогаш не се паметат вакви ситуации. Незадоволство помеѓу едни од најактивните членови и активисти на СДСМ, настанува како што дознаваме,  како резултат на лажните предизборни ветувања кои Шефтероски им ги дал во врска со раководните функции и другите работни места кои што треба да бидат распределени. Пример за тоа претставува неговото ветување поврзано со функцијата личен шофер, кое им го дал на најмалку пет лица, а слични примери имало и со доделувањето на функцијата – директор во ЈКП “Пелагонија”, работна позиција – командир на ТППЕ Кривогаштани, како и наставнички места на замена кои допрва треба да бидат распределени.
На последните одржани состаноци во општинската организација на СДСМ, актуелниот градоначалник и претседател на ОО СДСМ Рубинчо Шефтероски, јавно ги признал неговите лажни ветувања бранејќи се со фактот дека тоа била неговата тактика за активирање на што е можно повеќе членови и симпатизери во неговата предизборна кампања за локалните избори одржани на 15.10.2017 година.
Денешното случување кулминирало со тоа што отстранетиот партиски амблем од седиштето на партијата, било донесено и исфрлено во седиштето на актуелниот градоначалник, а дел од партискиот инвентар бил исфрлен од терасата на главниот штаб.
Фото: 10.11.2017 година
Ваквите случувања ги потврдуваат и фотографиите во прилог, едната направена вчера 09.11.2017 и следната направена во текот на денешниот ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.