“Парите од образованието за Прилеп, заминаа за двојазичен Прилеп!?”

Прес-конференција на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп по повод кратењата на инвестициите во образованието во Прилеп со ребалансот на буџетот.

“Почитувани,

СДС и покрај тоа што ветуваше квалитетно образование, со ребалансот на буџетот, и значителното кратење на средства за основното, средното и високото образование, ќе изврши класично уназадување на образовниот процес кое ќе се одрази врз идните генерации на ученици и студенти.

Иако често потенцираа дека образованието ќе биде приоритет во работењето на новата влада, граѓаните се сведоци на кратење средства за разни инфраструктурни проекти, за реновирање и изградба на нови основни и средни училишта, изградба на нови спортски сали, како и многу други значајни проекти кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно ги реализираше.

Особено, ние младите, сме загрижени за следното намалување на средства од Буџетот и тоа:

44 милиони 533 илјади денари, помалку за Универзитетот Св.Кирил и Методиј.

10 милиони 40 илјади денари, помалку за Универзитетот Св.Климент Охридски-Битола.

21 милион 840 илјади денари, помалку за Универзитетот Гоце Делчев-Штип.

26 милиони 592 илјади денари помалку за Универзитетот Мајка Тереза.

54 милиони 80 илјади денари помалку за Универзитетот за информатички технологии во Охрид.

51 милион 201 илјада денари помалку за Универзитетот Дамјан Груев Скопје.

15 милиони денари помалку за преведување и печатење на стручна литература.

75 милиони денари помалку за изградба на Финки и ФФК.

62 милиони 522 илјади денари помалку за научни институти.

5 милиони денари помалку за опремување на лаборатории.

25 милиони денари помалку за изградба на основни училишта.

8 милиони денари помалку за реконструкција на основни училишта.

105 милиони 240 илјади денари помалку за изградба на училишни спортски сали во основните училишта.

15 милиони денари помалку за изградба на средни училишта.

7 милиони денари помалку за реконструкција на средни училишта.

11 милиони 467 илјади денари помалку за изградба на училишни спортски сали во средните училишта.

155 милиони денари помалку за изградба и реконструкција на студентски домови.

799 милиони 96 илјади денари помалку за капитални расходи во Министерството за образование.

12 милиони 611 илјади денари помалку за млади при Агенцијата за млади и спорт.

На ваков ли начин владата предводена од СДС ќе ја води образовната политика? Ние младите не сакаме антиреформи. Ние младите сакаме квалитетно образование, затоа што квалитетното образование е столб и темел за напредок на една држава преку квалитетни, образовани кадри”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.