Паника од мистериозна дрвена кутија оставена на аеродром: Нема да ви се верува што пронашле

Вработените во аеродромот во Бејрут пронашле чудна дрвена кутија со неколку дупчиња, без каква било адреса, која неколку дена никој не дошол да ја земе.

kutija

По една седмица службениците одлучиле да ја отворат, оти почнале да се сомневаат дека претставува потенцијална опасност по безбедноста. Донекаде и биле во право, но таа „потенцијална опасност“ била во многу рана фаза.

Внатре имало три сибирски тигарчиња. Изненадувачки, тие останале живи, но биле во критична состојба, изгладнети, дехидрирани и многу исплашени. Властите веднаш ги повикале ветеринарните служби и животинчињата биле згрижени. Моментно, тие се во зоолошка во Бејрут.

tigari

Се уште не познато кој е испраќачот, ниту пак, за кого била наменета пратката.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.