Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј и германската канцеларка, Ангела Меркел, се договориле заеднички да се спротивстават на “растечката руска агресија”, соопштено е од кабинетот на британската премиерка.
Двете лидерки за тоа се договориле преку телефонски разговор откако што Меј и се заблагодарила на Меркел околу поддршката и солидарноста за инцидентот со труењето на рускиот шпиун Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Солсбери.
Двете се договориле да ја продолжат заедничката работа, со цел да се запре порастот на “руската агресија”.