Со освоени над 76% од гласовите, Владимир Путин победи на претседателските избори во Русија и го обезбеди својот четврт мандат.
Кандидатот на Комунистичката партија Павел Грудинин е втор со освоени 12% од гласовите, а ветеранот и националист Владимир Зхириновски освои само 6% од гласовите.
Никој од останатите 5 кандидати кои беа во трка за прв човек на нацијата не освои повеќе од 2% од гласовите.
Првиот човек на руската Централна изборна комиција, Ела Памфилова, за “Раша тудеј” вели дека немало значителни нерегуларности за време на гласањето и сите забелешки се минорни.
Кратко откако резултатите беа познати, Владимир Путин се обрати до своите поддржувачи на големата прослава на Црвениот плоштад во Москва. Тој се заблагодари и заедно со илјадниците насобрани граѓани извикуваше “РУСИЈА! РУСИЈА! РУСИЈ!…”