ПУТИН ВИ НУДИ РАБОТА: Од сега и странци можат да служат во руската војска, а ова се условите (ВИДЕО)

Сакате да се придружите во руската војска? Ова се условите…

Рускиот претседател Владимир Путин потпишал уредба која им дозволува на странските државјани да можат да служат во руската армија и да учествуваат во руските воени операции во странство.

Уредбата за измените и дополнувањата на рускиот закон за воена служба за странци објавена е на 9 октомври.

Според амандманите, странските државјани кои служат во руските вооружени сили по договор можат да бидат испратени “да учествуваат во руските мировни и контратерористички операции во странство”.

Русија спроведува воени операции во Сирија под надзор на владата на Башар ал Асад уште од 2015 година.

Руското министерство за одбрана нема уште соопштено дали странците кои ќе се пријават ќе бидат испратени во Сирија.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.