ПРИЛЕП вели НЕ за мигранти! Потпишете ја граѓанската иницијатива, се работи за иднината на вашите деца!

4

На плоштадот “Методија Андонов -Ченто” во центарот на Прилеп и денес голем број граѓани се потпишуваат на граѓанската иницијатива “Будење”, со цел иницирање на референдум пред Советот на Општина Прилеп по Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027.

Граѓаните секојдневно гневно реагираат на оваа стратегија и се спротивставуваат на идејата Прилеп да стане град во кој ќе се доселат мигранти и да се градат стамбени згради за домување на овие лица.

Помислата дека она што се случува во западно-европските земји, а го предизвикуваат овие лица, може да се прелее и на нивно тло, особено ги загрижува.

“Не сакаме нашата и иднината на нашите деца да биде доведена во прашање, згрозени сме од помислата дека во Прилеп на секој чекор ќе се случуваат силувања, грабежи и разни нереди”,  велат дел од нив, кои денеска ставија свој потпис на иницијативата.

Доселувањето на мигранти во градот ќе ја промени демографската структура на населението, ќе значи евтина работна сила, а со тоа и намалување на платите.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.