Кога станува збор за инвестирање во иднината на една држава тука секако станува збор за вложување во младите, а со младите поврзано е образованието и спортот. Со средства и иницијатива од Локалната самоуправа а во соработка со МОН, АМС,ФФМ, Владата на РМ, приватниот сектор и други организации во изминативе години се изградија голем број на спортски објекти.
„Се изградија 4 нови спортски сали во вредност од 130 000 000,00 денари(2,1 милиони евра)-средства од МОН, Владата на РМ и ЕЛС Прилеп и тоа во СОУ Ристе Ристески-Ричко и ООУ Добре Јованоски имаме големи сали со трибини и сали без трибини во СОУ Ѓорче Петров и Кузман Јосифоски-Питу, додека постоечките спортски сали во ООУ „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Рампо Левката“ како и во СОУ „Орде Чопела“ и Гимназија „Мирче Ацев“ се целосно реконструирани во вредност од околу 7 500 000,00 денари-средства од Локална самоуправа, со тоа огромна придобивка имаат како учениците така и голем број на спортски клубови и ентузијасти кои ги користат овие спортски сали. Исто така се изградија две тениски игралишта и тоа во ООУ „Гоце Делчев“ и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ во вредност од над 10 000 000,00денари-средства од АМС и ЕЛС Прилеп. Имаме ново повеќенаменско игралиште во СОУ Гимназија Мирче Ацев во вредност од 6 000 000,00денари- средства од АМС и ЛС“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
Изградивме и 5 терени со вештачка трева со вкупна површина од 2500м2 и тоа во ООУ Добре Јованоски како и населбите Рид, Точила, 11 октомври и на Могила во вредност од 3 000 000,00денари-средства од ЛС а се постави нов асфалт на спортското игралиште во СОУ Орде Чопела во вредност од шестотини илјади денари исто така средства од ЛС.
И приватните инвестиции не изостануваат во подобрување на спортската инфраструктура и атрактивност на градот. Благодарение на нив беше поставена балон салата во дворното место на ОУ „Блаже Конески“- која е приватна инвестиција, а во дворното место ОУ „Гоце Делчев“ овој пат од градот Лозана од Швајцарија, беше донирана уште една балон сала. Се постави и вештачка карпа за качување во гимназијата Мирче Ацев за спортистите и љубителите на овој спорт.
Во соработка со МОН и ФФМ отворивме спортска академија за фудбал во гимназијата Мирче Ацев каде учат и тренираат над 60 ученици од Нашата и соседните општини.
Или вкупно во спортски објекти во училиштата се инвестирани ололу 160 милиони денари односно повеќе од 2,5 милиони евра, истакна градоначалникот Ристески.