Во тек е последната вечер од јубилејното 15-то издание на “Пиво Фест”, а градот е преблокиран од возила од сите страни на државата, регионот и странство.
Градските улици и булевари се претворени во паркинзи, се очекува настапот на балканската мега ѕвезда Северина.
И покрај дезинформациите од дел од така наречените активисти дека градот е поплавен од дождот и дека забавата ќе се одложи, притоа објавувајќи стари фотографии, атмосферата во градот е бурна и врие од народ.
Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп останува најголемото случување во државата.
ЕДНОСТАВНО НАЈДОБРИ!