“ПРИЛЕПСКО НЕГДЕ” – “Kaj нас дома извршителот седи, а менаџерот охридски на конто милиони реди”

Вработените во прилепскиот загубар Еурокомпозит ги поминуваат најтешките мигови во нивниот живот. Нивните маки по втор пат ги преточија во стихови. За песната која ја добивме се вели дека ја отсликува целосната состојба во фабриката.

ПРИЛЕПСКО НЕГДЕ

ПРИЛЕПСКО НЕГДЕ ЅВОНА ЅВОНАТ
РАБОТНИЦИТЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ ПРАВДА ГОНАТ
ПЛАТИТЕ ШТО ГИ ЗАРАБОТИЈА ЧЕСНО
МЕНАЏЕРИТЕ ИМ ГИ УКРАДОА ЛЕСНО.

СОНЦЕТО НАД ПРИЛЕП ЗАОЃА
ВО НАШИТЕ ДУШИ НЕМИР ДОАЃА
КАКО КИРИЈА И ДАНОЦИ ДА ПЛАТАМ
ЗАЕМОТ ЗА ЖИВОТ КАКО ДА ГО ВРАТАМ.

КАКО ШЕРИФИ ДОЈДОА ОД ДИВИОТ ЗАПАД
И ОДМА БЕСРАМНО ПРЕМИНАА ВО НАПАД
ЗЕМААТ, ГРАБААТ ШТО ПОВЕЌЕ
ВО ФАБРИКАТА НИШТО НЕ ОСТАНА ВЕЌЕ.

КАЈ НАС ДОМА ИЗВРШИТЕЛОТ СЕДИ
А МЕНАЏЕРОТ ОРИДСКИ НА КОНТО МИЛИОНИ РЕДИ
ГОСПОДЕ, ЗАШТИТИ ГО НАРОДОВ СТРАДЕН
НЕ ОСТАВАЈ ЗА ЛЕБ ДА БИДЕ ГЛАДЕН.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.