ПРИЛЕПСКИ СРАМ: Kратер кој крши нога во центарот на градот (ФОТО)

Незадоволни граѓани од односот на своите сограѓани, но и новата локална власт која не реагира навремено, ни испратија фотографија од прилепскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”, на која се гледаат искршени плочки на просторот за собирање дождовна вода.

Граѓаните велат дека ова се должи на несовесните прилепчани кои влегуваат на плоштадот со автомобили при дотур на роба во дуќаните или слични потреби.

Но, одговорноста на крајот за некоја скршена нога би била на локалната самоуправа која оваа дупка на прометно место не ја санирале.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.