ПРИЛЕПСКИОТ СКАПОЦЕН УБАВЕЦ со кого не може да се рамни ниту еден луксузен автомобил (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Да се поседува ваков  убавец во гаражата и животот има поголема смисла.

Прилепското супер “фиќо” кабриолет е автомобил кој зрачи со посебна убавина и посебност.

Сопственикот Менде Бабаноски вели дека во него има вложено една година труд, а за впечатливиот изглед потрошил 1.500 евра.

Желбата да има уникатно возило го инспирирала да го создаде ова ремек дело на кое ниеден поглед не останува рамнодушен.

Менде вели дека освен што добро изгледа, ова прекрасно кутивче поминува и долга километража.

Најдолгата дестинација која ја поминал со него е 150 километри.

Во плановите на Менде е да извади зелен картон за возилото и да го презентира на изложби надвор од државата.

Секоја чест мајсторе!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.