“Дејгиди млади прилепчанчиња ем дојденчиња,да даде господ вие младите да прајте шо праефме ние старите. Убај моми по корзоно прилепско да штипите, по чошиња, ФУШКИЈА со нив да се прајте!” – вели на почетокот авторот на оваа комична композиција.
Текстот е на Ацо Цик, музиката и аранжманот се на Горан Милошески, а специјален гостин е Димитар Вандески.
Малку подзаборавена, но секогаш добра за потсетување творба од секогаш досетливите и иновативни прилепски шегаџии.
За што точно се работи слушнете во продолжение: