Прилепчани ги исполнија плоштадите и ги запоседнаа локалите. Топлото време и предпразничната атмосфера изнесе во градот и старо и младо.
Растрчани по бутици, маркети и тезги, во кафулињата се бараше маса повеќе и секој купуваше што му треба или што заборавил во претходните денови.
Една навистина убава слика во пресрет на утрешниот голем христијански празник, Христовото Воскресение.