ППК “Младост 96” со ново засилување ги започна подготовките за вториот дел од сезоната

ППК “Младост96” за пролетниот дел од сезоната, ќе стартува со првиот дел од предвидените подготовки. Од денеска па се до 16 јануари ќе се работи во Прилеп во пингпонгарската сала на “Партизан”.

Ќе се работи на техничко тактички план, а вториот дел од припремите предвидено е да се одработи во Крива Паланка, во термин кој накнадно ќе биде одреден. Пролетниот дел започнува на 10 и 11 февруари со бодовните турнири “Телеком” за сениори у21, младинци и пионери.

Додека Супер лигата започнува на 24 и 25 февруари, каде во првото и второто коло ППК “Младост96” игра со “Астраион” од Струмица и ППК “Младост” од Прилеп, кое воедно ќе биди и дерби натпревар.

Она што е новина во ППК “Младост96” е тоа што управата на клубот направи вистински потег за пролетниот дел, и во претстојниот преоден рок од 15 Февруари, својот потпис за ППК “Младост96” ќе го стави сениорскиот првак на Македонија и првак за У21 селекција, репрезентативецот Петар Костовски, кој доаѓа во екипа која ја краси пред се младоста.

Со неговото доаѓање и со постоечкиот играчки кадар репрезентативецот Александар Рикалоски, со Антонио Стомнароски, Марио Апостолоски и Христијан Иваноски под палка на тренерот во клубот Гоце Тошески, екипата на “Младост96”, ќе се обиде да стигне до плеј-офф, и таму да претендира за највисок пласман.

Петар Костовски веќе е во Прилеп и заедно со останатите играчи ќе ги започни подготовките од денеска.

За овој месец предвидено е да се официјализира проектот од страна на ППФМ -Центри на пингпонг, во кој Прилеп е еден од четирите центри во Македонија, за омасовување на пингпонгот.

Проектот е финансиски помогнат од страна на МОК, каде претседателот на МОК Васил Топуркоски и ген.секретар на МОК Сашко Поповски, заедно со претседателот на ППФМ Горан Тиловски и потпретседателот на ППФМ Златко Рикалоски ќе го потпишат договорот со претставниците од ППК Младост96.

Воедно на 15 Јануари ќе заврши одморот, и за најмладите категории во клубот, така да пионерите ќе почнат повторно со тренинзи како и до сега три пати неделно од 18 часот.

Од клубот упатуваат повик до сите дечина на возраст од 6-10 год кои сакаат да се приклучат кон пингпонгот, вратите на ППК Младост96 ќе бидат отворени за сите кои ќе покажат интерес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.