Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со најмалку 5 години затворска казна, пишува во Кривичниот законик во делот кој ги опфаќа кривичните дела против изборите и гласањето.
Денес околу 15:30 часот забележан е поткуп на ул. Дебарца во населба Тризла, каде што живее само ромско население.
Една политичка партија веќе поднесе пријава до полициската станица во Прилеп.