ПОСЛЕ 6 ГОДИНИ ПАУЗА: Групата “Spice Girls” одново заедно (ВИДЕО)

Викторија Бекам, Мел Б, Мел Ц, Ема Бантон и Џери Халивел, би требало во 2018 година да снимат нов албум

Познатата музичка група “Spice Girls” , како што стојат работите, повторно се враќа на музичката сцена. Како што пишуваат британските медиуми, тоа ќе се случи во лето 2018 година, кога составот на оваа група ќе сними нов  телевизиски специјал и нов апбум.

Наводно, најтешко било да се убеди Викторија Бекам, но сопругата на Дејвид Бекам сепак се согласила.

-“Разговорите (за повторно собирање на групата) започнале од изминатото лето и сите членки на групата се договориле да се соберат во 2018 година. Ќе работат заедно на серија проекти кои вклучуваат нов албум и телевизиски специјал. Шлаг на тортата била согласноста на Викторија Бекам, со оглед на тоа дека единствено таа ги одолговлекувала преговорите”, рекол упатен извор.

Потсетуваме, девојките од “Spice Girls” последен пат во овој состав настапуваа во 2012 година на Олимписките игри во Лондон. Групата зад себе има големи хитови како што се “Wannabe”, “Spice Up Your Live”, “Viva Forever” и други.

Да се потсетиме на еден од нивните хитови:

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.