ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе го добие новиот состав на Извршниот Комитет. Како што претходно дознавме познат е дел од новите луѓе кои веројатно ќе бидат дел од новиот тим на лидерот Христијан Мицкоски.
Пред почетокот на Централниот Kомитет проструи информација, неофицијална, дека нов секретар на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Игор Јанушев, поранешен директор на ЈСП.
Речиси целосно во новиот тим ќе бидат и Влатко Ѓорчев, Димитар Димовски, Цветан Трипуновски, поранешниот министер за финансии Трајко Славевски, претседателот на ОК од Штип, актерот Тони Михајловски, претседателот на ОК Кисела Вода Орце Ѓоргиевски.
Како што дознаваме ОФИЦИЈАЛНО од Прилеп и понатаму претставник во највисокото тело на партијата останува пратеничката Ана Лашкоска, која одново ја доби довербата да Централниот комитет.