ПОРАНЕШНИОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛ ОТКРИВА: Ваков беше Ким Јонг Ун додека беше дете (Видео)

Поранешниот телохранител на Ким Јонг Ил, таткото на сегашниот лидер на Северна Кореја, откри детали за детството на Ким Јонг Ун.

Ли Јунг-Гук, бил во служба на Ким Јонг Ил 11 години пред да избега од земјата. Тој тврди дека малиот Ким бил доста агресивен и постојано под стрес.

Додека беше млад, неговото постоење беше чувано во тајност, а татко му повеќе го фаворизираше другиот син, Ким Јонг Нама, кој требаше и да го наследи.

Ким немаше пријатели, па поради тоа имаше многу експлозивен карактер. Постојано беше изолиран.

“Многу е импулсивен, не се грижи што мислат другите. Не му е жал за другите луѓе, прави што сака. Викаше по жените, таков беше”, вели Ли кој бил мачен во логорот пред да успее да избега од репресивниот режим.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.