Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во недела на 27.08.2017 во манастирот Св. Димитрија во с. Селце, во пресрет на големиот христијански празник Голема Богородица, организира “Комитска средба”, со почеток од 10 часот.
По тој повод Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги поканува сите членови, симпатизери, поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сите заинтересирани сограѓани да присуствуваат на средбата.
Оваа средба на некој начин ќе значи и почеток на предизборната трка за престојните локални избори на партијата, каде ВМРО-ДПМНЕ има што да кажи и со што да излезе и да ја побара поддршката на граѓаните.
Средбата ќе трае до 13:00 часот.