Петнаесеттото издание на “Пиво Фест” во Прилеп ќе се одржи од 13-16 јули. Организаторите и општина Прилеп ветуваат уште една одлична забава. Еве што ќе гледаме за време на четирите фестивалски вечери.
Првата вечер ќе ја одбележат домашната група “Eye Cue” како загревање за панк-рок групата од хрватска “Психомодо Поп” и гостите од Србија “Амадеус Бенд” кои се очекува да го исполнат плоштадот “Aлександрија” до последно место.
Во петок настапуваат светската реге ѕвезда DON MINOTT & Conguering Lion, веднаш потоа се популарните “Нокаут”, а вечерта ќе ја затвори екс ЈУ ѕвездата Ален Исламовиќ.
Вистинското “лудило” започнува во саботата кога на фестивалската сцена ќе застанат Елена Велевска, Анабела и мега ѕвездата Харис Џиновиќ.
Големото финале на последната фестивалска вечер ќе го одбележат Тајфата и Димитар Андоновски, Џамбо и оркестар Агушеви, а публиката целосно ќе “полуди” кога на сцената ќе блесне Северина.
Прилеп ве очекува!