Фудбалерите на Победа попладнево на стадионот “Борис Трајковски” во Скопје, го порази Работнички со 0:3 и обезбеди сигурен опстанок во Првата фудбалска лига.
Со овој успех Победа нанижа пет последователни триумфи и ја забетонира седмата позиција на табелата, која значи избегнување на бараж натпревар со третопласираниот Новаци во втората лига.
Во последното коло Победа ја пречекува Ренова, натпревар кој со сигурност прилепчани ќе сакаат да го добијат и со три бода пред својата публика да ја заокружат сезоната.
После триумфот над “романтичарите” славје во соблекувалната на Победа.
На својот Фејсбук профил фудбалерот на Победа Јорданчо Наумоски напиша: “Наспроти сите прогнози на почетокот од сезоната сакам да ги поздравам прилепските стручњаци и познавачи на фудбалот (со исклучоци) и едно да кажам, Победа и в година игра прва лига, Поздрав, Чаооо!