ПИЈАН ПОП паѓал на погреб, а потоа бил ставен во приколица да спие до покојниот

Фотографијата од свештеник кој спие во приколка покрај ковчегот на покојниот, на пат од селските гробишта во селото Друговац кај Смедерево, предизвика општо неверување на социјалните мрежи. Но, фотографијата е автентична и е направена на 11 март за време на погребот на еден од жителите на селото. Свештеникот бил толку многу пијан, па ожалостените во поворката немале друго решение освен да го сместат веднаш до покојниот.

“Попот беше толку многу пијан што паѓаше по патот до гробиштата, па мораа да го стават во приколицата. Попат попот го загуби кандилото, но сепак се обиде да го одржи опелото, закрепувајќи се на споменикот од покојниот. После погребот дома го однесоа со комбе”, вели за “Новости” Дарко П. кој ја објавил фотографијата на социјалните мрежи.

Жителите сведочат дека се навикнати на вакви глетки со селските попови, затоа што не им е прв пат да се опијанат додека се на должност.

Попот во селото бил на должност од пред 5 години, и тоа по казна, рекле селаните.

Пред овој погреб истиот поп направил и други глупости, па бил избркан од куќна слава, дури и од друг погреб.

-Koга требаше да ми го крсти детето, толку многу беше пијан, што за малку ќе се откажеше се’ – рекол еден од селаните.

Друг пак кажува дека пред две години во истото село се случила страшна трагедија, загинало 2-годишно дете. На погребот попот бил исто така многу пијан, па се однесувал недолично, а роднините го избркале.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.