Иако само од турнири има заработено повеќе од 100 милиони долари, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не сака неговите деца да се навикнат на “лесен” живот.
Тој им ставил до знаење дека парите не доаѓаат лесно.
За време на турнирот “Индијан Велс” откри дека неговите ќерки, кои имаат осум години, времето го поминуваат на улица продавајќи лимонада.
” Да, да, тоа им е забавно, но и мора да знаат дека парите не паѓаат од небо. Заработија дури 70 долари во еден ден. Соседите се великодушни кога ќе видат деца”, рече Федерер.