ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА БАЛКАНОТ: Невремето се сели кон Србија и Македонија? (ФОТО)

Додека во Хрватска повторно се вклучи црвениот метео аларм поради големата количина на наврнат дожд, и додека невремето се движи кон Србија, во Словенија веќе падна снег.

Метеоролозите во Словенија за денес најавија обилни врнежи на дожд,  додека пак за на планините најавија снег. Тоа и се случи денеска на планините повисоки од 1500 метри веќе има снег.

Снежната покривка е најавено да достигне висина од 20 сантиметри, а ова не е прв пат да заврне снег во оваа сезона и на повисоките планини во Словенија претходно имаше дури два пати снег.

Освен ова за наредните денови е најавен и пад на температурите, силен дожд и ветер, додека во петок се очекува температурен шок.

Метеоролозите во Македонија за утре и задутре очекуваат опаѓнање на температурата и врнежи од дожд. Дали снегот ќе пристигне и кај нас, останува да почекаме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.