ПАДНА ПРВАТА ЖРТВА ОД ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ: Жена починала поради сериозни респираторни проблеми предизвикани од загадениот воздух!

Падна првата жртва на загадениот воздух. Инфомакс дојде до информација дека жена на возраст од 60 – тина години утринава починала како резултата на сериозни респираторни проблеми. Како што дознаваме починатата завчера се пожалила на проблеми со дишењето поради загадениот воздух, не била задржана на лекување, а утрово заради компликации на дишните патишта починала. Кај надлежните и власта владее молк за овој проблем кој почна да одзема човечки животи.

Новата власт на СДСМ нема слух за проблемите за граѓаните. Се уште ништо не е превземено за спречување на загадувањето, ниту е донесена конкретна мерка со која граѓаните ќе дишат почист воздух. Загаденоста веќе подолг период е на високо ниво, а денес Скопје стана најзагадениот град во светот, пред Пекинг и Делхи кои досега важеа за најзагадени градови.

Решавање на проблемот со загадениот воздух беше честа тема на СДСМ во изминатите години и предизборието. Заев, Шеќеринска и Шилегов секојдневно им ветуваа на граѓаните чист воздух и здрава животна средина, но откако седнаа на фотељите заборавија на ветеното. Не само што не превземаат ништо да се спречи или намали туку за прв пат ја сметија Македонија на првото место по загаденост во светот.

Додека властите немаат слух за граѓаните клиниките секојднево се полнат со пациенти. Детската клиника за белодробни заболувања во Козле е преполна со пациенти, а дневно над 20 итни случаи со гушење и проблеми со дишење се примаат на Клиниката за пулмологија. Дополнителен број на болни има и во останатите амбуланти како и во здравствените установи кои третираат кардиоваскуларни и респираторни заболувања.

Како резултат на огромната загаденост почнаа да се најавуваат масовни протести, а по социјалните мрежи започна иницијатива да не се пуштаат децата да одат на училиште во деновите кога е презагадено. И додека граѓаните мака мачат со загадениот воздух властите си поигруваат со нивното здравје и наместо да го решат проблемот тие обвинуваат дека протестите и реакциите се политички мотивирани.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.