Оваа лекција поголемиот број родители во Македонија навремено им ја пренесуваат на своите деца, затоа и Македонија по процентот на луѓе кои ги мијат рацете после одење во тоалет, се наоѓа во групата на земји кои тоа најчесто го прават.
Од земјите во регионот, Србите со еден процент се пред нас, а Бугарите се со 10% помала хигиенска навика од нас.
Одлично котираат Хрватите кои се лидер во регионот со 96%, а Романците имаат 84%.
На подрачјето на Европа, на дното се наоѓа Италија со вкупно 57 % од населението кои ги мијат рацете после одење во тоалет. Кој би рекол дека овој народ се држи така малку до своето здравје.